Компјутерски интерфејс контролиран од мозокот (видео)

Повеќе... Новата технологија се повеќе се стреми кон футуристичката замисла да биде интегриран дел од човекот контролиран од моќта на мислата. Копчињата веќе се на пат да станат артефакт од минатото, а компјутерските интерфејси веќе е возможно да се контролираат само преку мислите. Настрана од очите на пошироката јавност, во повеќе лабаратории се развива една неверојатна технологија која директно ќе го поврзе човечкиот мозок со компјутерот.

Новата технологија се повеќе се стреми кон футуристичката замисла да
биде интегриран дел од човекот контролиран од моќта на мислата.
Копчињата веќе се на пат да станат артефакт од минатото, а
компјутерските интерфејси веќе е возможно да се контролираат само преку
мислите. Настрана од очите на пошироката јавност, во повеќе лабаратории
се развива една неверојатна технологија која директно ќе го поврзе
човечкиот мозок со компјутерот.

{youtube}Y4BYAtJVBZ0{/youtube}

Можеби сме сведоци на почетокот на една човечка еволуција, технолошко достигнување кое еден ден ќе им овозможи на парализираните луѓе да се  движат повторно. Конекцијата мозок-компјутер веќе е направена кај неколку луѓе. Комплетно парализиран човек, кој може да комуницира само со движење на очите го користи својот мозок за да ги испише своите мисли на екранот од компјутерот како што може да видите од ова видео тука.

Се разбира, овој процес сега-засега се одвива многу бавно. За да се испише една буква потребно е 20 секунди. Сепак,ова е голем чекор напред и неверојатно достигнување во ваквиот вид на невро технологија. Невронаучниците појдоа толку напред што сега се во можност да вградат чип во мозокот од мајмун и да ја препознаат мозочната активност која е активирана кога мајмунот сака да ја придвижи раката во некој правец.

{youtube}xtqA8-kauuo{/youtube}

Ова е зачеток на идниот футуристички компјутерски интерфејс за кој многумина оддамна фантазирале: оној за кој не е потребно чукање на тастатура, ами само мисловна наредба. Постои голема веројатност дека  за 30 години нашите деца ќе можат во мислите да ги читаат и да одговараат на e-mail пораките.

- Реклама -