Компјутерски генерирана убавина

Повеќе...

Неколку израелски научници креираа компјутерска „програма за разубавување“  собирајќи податоци за глобалното перцепирање на убавината и истите претворајќи ги во алгоритам кој ги одредува идеалното растојание помеѓу очите, челото и усните за да се креира теоретски поатрактивна верзија на еден човек.

Неколку израелски научници креираа компјутерска „програма за разубавување“, собирајќи податоци за глобалното перцепирање на убавината и истите претворајќи ги во алгоритам кој ги одредува идеалното растојание помеѓу очите, челото и усните за да се креира теоретски поатрактивна верзија на еден човек.
 
beautification-engine.jpg
 
Оваа програма само геометриски го менува лицето користејќи се со овој алгоритам кој вклучува 234 одредници што се однесуваат на положбата и симетријата на деловите од лицето, за разлика од различните програми за ретуширање. Брчките и разните ситни недостатоци на кожата или косата се оставени какви што биле претходно за според креаторите „да се задржи автентичноста на оригиналот“. Овие 234 одредници се добиени со испитување на мислењето на 68 мажи и жени околу тоа кое лице го сметаат за поатрактивно.
Како и многу други обиди да се користат објективни одредници или дури и математички формули за да се дефинира убавината и овој софтвер го актуелизира прашањето што си го поставуваат психолозите и научниците: Што е убавината? Може ли таа математички и научно да се одреди? Одлучете сами од овие „пред“ и „потоа“ фотографии кои се добија со овој софтвер.
 
27056_7_468.jpeg
27056_3_468.jpeg
27056_6_468.jpeg
 
27056_8_468.jpeg
- Реклама -