Компјутер за во џеб

Најмалиот компјутер во светот може да го собере во вашиот џеб.

Според CNBC, финската компанија Solu е креатор на најмалиот компјутер некогаш создаден. Неговата форма е квадратна со должина од 10 см и дебелина од 1,2 см. Solu има свој оперативен систем базиран на Linux. Уредот се нуди по цена од 349 евра на сајтот за групно финансирање Kickstarter каде ја достигна целта од 200 000 евра.

Solu1

Solu има 4-инчен екран и 2.3 GHz процесор. Од компанијата веќе почна и продажбата на специјална рачноизработена тастатура, направена од дрво по цена од 150 евра. Тастатурата сепак не може да биде купена без уредот.

Solu2

Првите испораки на компјутер и тастатура се очекуваат во јануари 2016 година.

- Реклама -