Ако ви здодеало да пржите помфрит или да правите пире, еве еден нов едноставен рецепт за подготовка на компир.
Состојки
4 компири од средна големина
главица лук
маслиново масло
парче путер
гранче рузмарин
сол
бибер
зачини
Подготовка:
Компирот исечете го на ливчиња, како што е прикажано на видеото во прилог.
Во тавче пропржете ги на маслиново масло лукот и рузмаринот. Со истото масло добро натопете ги компирите.
Наредете ги компирите на хартија за печење и посолете ги и побиберите, ставете ги во загрена рерна и печете ги на 180 степени околу 60 минути.
Во тавчето во кое го греевте маслиновото масло, додадете парче путер и растопете (со рузмаринот и лукот). Со растопениот путер премачкајте ги добро печените компири, посипете зачин и послужете.