Состојки:
Компир 4 поголеми
печурки 300г.
мајонез 200 г. (посен)
-вински оцет, шолја
– сок од лимон, 1 лимон
– каранфилче по желба
– бибер во зрна, по желба
– сол, по желба.
Подготовка:
Во сад сипете три чаши вода, додадете го оцетот, каранфилот, неколку зрна бибер и сол и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, додадете ги подготвените и исецкани печурки и оставете да се варат 3 минути, потоа извадете ги и исцедете. Компирот згответе го со се лушпа, но водете сметка да остане цврст. Кога ќе се олади, излупете го и направете дупка на средината. Измешајте мајонез со сок од лимон, додадете ги печурките, промешајте и со таа смеса наполнете ги компирите. Ставете во фрижидер до сервирањето.