Јапонската архитектура поставува различна вредност за просторот повеќе од класичната западна култура. Hiyoshi куќата е одличен пример за компактна архитектура! Компанијата која одговорна за реализација на овој проект, замисли простор кој ги поврзува луѓето кои живеат во куќата и им овозможува да уживаат во удобниот, компактен простор.
Местото е идеално за пар кој се обидува да ги доживее границите на „семејниот живот“. Правоаголната куќа има големи странични прозорци како замена за класичната структура, па така создава простор кој е преплавен со светлина. Транспарентна и модерна, куќата е опремена со се што е потребно. Социјалниот простор вклучува кујна, дневна и трпезарија.
Големите прозорци им овозможува на домашните да ги набљудуваат природните пејзажи. Внатрешноста е мешавина од бетон и дрво, ништо не е премногу остро, ниту пак софистицирано. Само модерно и релаксирачки.