Комичарот Зеленски со убедливо најголеми шанси да победи на претседателските избори во Украина

Дебитантот на украинската политичка сцена, кој пред кандидатурата за претседател единственото политичко искуство го има како комичар и актер во популарна ТВ серија во која глуми фиктивен претседател, има убедливо најголеми шанси да победи на претседателските избори во Украина.

На анкетата објавена денеска од агенцијата за мерење на јавното мислење „Рејтинг“, а прва која се однесува конкретно на вториот круг на украинските претседателски избори, Володомир Зеленски добил 61% од гласовите. Актуелниот претседател Петро Порошенко, пак, добил само 24%, пренесува „Ројтерс“.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -