Модна комбинација: Носете црвена со зелена боја

Комбинацијата од зелена и од црвена боја е одлична за празничниот период, меѓутоа спојот од овие две бои е на многу лош глас во модната индустрија. Сепак, ако некаде правилата постојат за да бидат прекршени, тоа е во модата, затоа деновиве уживајте носејќи ги омилените новогодишни бои.

Лежерен дневен стил

red-green-outfit-1

Ако се плашите од спојот на овие две бои, побарајте парче што веќе ги содржи и со кое нема да се грижите за нијансите, како оваа карирана кошула. Носете ја со омилениот пар фармерки и со едноставни рамни чизмички до глужд. Додајте црвена плетена капа и новогодишни модни додатоци како синџирче со елен.

Смел пристап

red-+-green-outfit-2

Ако ги сакате јаките бои, оваа комбинација е совршена за вас. Одберете тесно молив-здолниште во ведра зелена боја и комбинирајте го со обична бела маичка и со кардиган во јака црвена боја. Изгледот финиширајте го со рамни црни чевли и едноставен накит како часовник со анималистички принт.

Нијанси што меѓусебно се акцентираат

red-+-green-outfit-3

За овој изглед почнете со класичен џемпер со нежни риги и шорц со боја на вино. Шорцевите носете ги со сјајни дебели хеланки и кожени чизмички до глужд. Марамата со длабока зелена боја совршено ќе ги акцентира црвените шорцеви, а нежните обетки ќе ја направат оваа комбинација поженствена. [Color Combo to Try: Red + Green]

- Реклама -