Комарците се „палат“ на смрдливи чорапи

Смрдеата на валканите чорапи, би можела да стане ефикасен начин потив борбата со маларијата која ја пренесуваат комарците, открива екипа на научници во Африка.

Научниците се надеваат дека нивното истражување ќе вроди со плод, бидејќи оваа страшна болест годишно уништува околу 800 илјади животи ширум светот, од кои 90 проценти се на Црниот континент.

Научниците биле предводени од др. Фредрос Окуму од Здравствениот институт Ифакара во Танзанија, а до откритието дошле така што откриле како инесектите ги привлекуваат нозете. Потоа испробале да ги привлечат инсектите со смрдливи чорапи и успеале, инсектите паднале во смртоносната стапица.

Таа стапица е кутија во која се наоѓаат чорапи или синтетички предмети кои испуштаат силна миризба, а се покажало дека ги привлекуваат четири пати повеќе отколку луѓето. Кога ќе влезат во таа кутија ги убива инсектицид или биолошки агенс.

Истражувањето го помогнала фондацијата Бил и Мелинда Гејтс како и канадската невладина организација „Големи предизвици“, која донирала 775 илјади долари.

Па сега видете дали ќе ги перете чорапите или ќе ги ставате во кутија.

smrad_1412174489_670x0

 

- Реклама -