Не е случајно што сте меѓу оние што комарците преферираат да ги искасаат пред сите истанати околу вас. Постојат многу теории за тоа што најмногу ги привлекува овие досадни инсекти, а фактите велат дека ја сакаат топлината и мирисот на кожата т.е. ги привлекуваат топлокрвните животни.
Најпривлечни за комарците се луѓето што припаѓаат на нулта крвна група, додека за оние од Б групата, комарците се најмалку заинтересирани. Шансите првите да бидат каснати се речиси двојно поголеми од оние на останатите, а супстанците што ги лачи човечкото тело дополнително им ја олеснува работата на крвопијците при идентификувањето на крвната група на жртвата.
Крвната група 0 излачува хемиски сигнали кои за комарците се најпримамливи. Така, бремените жени се почеста мета од останатите. Објаснувањето е тоа што трудниците вдишуваат поголема количина кислород, а комарците ги привлекува влага и јаглерод-диоксидот во здивот на трудниците.
Студенилото и безмирисните материи ги одбиваат комарците.
Бонус:
– Некои истражувања покажуваат дека кожата на оние што конзумираат пиво е многу привлечна за комарците
– Најризични делови од денот за напад на комарци се зората и приквечерината, бидејќи во тој период женките знаат да патуваат и до 40 километри во потрага по храна
– Црната, а потоа црвената боја се најпривлечни за малите паразити, додека жолтата боја им е најодбивна