Американската војска изврши напад во Багдад против водач на ирачка милиција обвинет за напади врз американските сили во таа држава, при што тој и уште едно лице загинаа, изјави денеска американски официјален претставник.
Нападот бил извршен врз автомобил во Багдад – врз водач на групата Харакат ал Нуџаба, додаде американскиот функционер, без да го именува.
Сојузот на шиитски милиции наречен Сили за народната мобилизација, која е под контрола на ирачката армија, објави дека нејзиниот заменик-началник за операции во Багдад, Муштак Талеб ал-Саиди, бил убиен во напад врз штаб за логистичка поддршка „како резултат на брутална американска агресија“.