Извадок од колумна на Ѕвездан Георгиевски, за „Призма“/БИРН
… Мене лично особено ми е интересна улогата на премиерот Заев. Се разбира, низ призмата на обелоденетите разговори, каде што Боки вели нешто во стилот „зборено е со Заев“, односно објаснува за „менаџирања“ и „конструкции“ во однос на овие наводни средби меѓу Боки и премиерот. И покрај демантирањето на премиерот, како впрочем и на повеќето инволвирани во овој случај (клучен збор во овие демантирања е „злоупотребен/а“), уште од самиот почеток се наметна еден голем прашалник над дејствувањето на Заев во однос на „случајот рекет“.
Имено, уште тогаш Заев потврди дека кај него дошле некои „бизнисмени“ и се пожалиле на „рекет“ и дека самиот тој го пријавил случајот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, односно на обвинителката Вилма Русковска. Наводно, заедно се договориле дека е најпаметно „бизнисменот“ сам да поднесе кривична пријава (што веројатно го ослободува од обвинението за поткуп).
Иако на прва топка може да се говори дека Заев во случајов постапил како совесен граѓанин и ја пријавил корупцијата за која се уверил дека е направена, сепак тука се поставуваат некои прашања. Како и зошто премиерот го пријавил овој случај, а не го упатил „бизнисменот“ сам да оди во Обвинителството, како што тоа јавно го направи неколку дена подоцна, порачувајќи му на колегата Бранко Героски дека премиерот не е адреса на која треба да се испорачаат сознанија околу случајот, туку тоа е Обвинителството? Зошто „бизнисменот“ имал повластена позиција и зошто за неговите сознанија за „рекетот“ се поприемчиви од оние на новинарот?… ЦЕЛАТА КОЛУМНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА.