Светли бои, врвна визија и смели идеи. Вака на кратко може да се опише стилот на познатиот дизајнер на ентериери Карим Рашид.
Колоритниот стан лоциран во центарот на Њујорк е еден од неговите најинтересни дела. Живеалиштето се простира на речиси 2.000 квадратни метри и го зазема последниот кат од зградата.
Модерниот мебел, украсените бели ѕидови и сјајни површини се издвојуваат во просторот и го претвораат во извор на инспирација. Да потонеме и ние во шарениот свет на Карим Рашид.