Како изгледа палетата од бои на еден сликар во очите на лице со далтонизам? Брајан Брукс е уметник далтонист, за разлика од неговата девојка Емили Вик, па побарал од неа да ги обележи боите на палетата за да може тој да престане да ги меша црвената и зелената.
Притоа Емили, и самата уметничка, почнала да размислува за тоа колку мора да е неговиот свет поинаков и како големите разлики во визуелната перцепција можат да поминат незабележани. Затоа ги креирала следните две колор палети, од кои едната го претставува начинот на кој гледаат здравите луѓе, а другата – начинот на кој гледаат далтонистите.
vs.