Едни од најбогатите брачни парови се токму Викторија и Дејвид Бекам. Според процената на London School of Marketing, брендот Бекам вреди околу 500 милиони фунти.
Годишната заработка на Бекамови изнесува од 30 до 40 милиони фунти.
Главни извори на популарниот Бекам се: Footworks, Beckham Label и Beckham Venterus. Само во првата група спаѓа неговата фудбалска кариера чија вредност изнесува 150 милиони фунти.
Иако нивните деца не треба да се грижат за иднината, нивните родители ги воспитуваат да бидат работливи и вредни. Па така и најстариот син Бруклин работеше извесно време како келнер.
Богатството на Бекамови е поголемо дури и од кралицата Елизабета II чие се проценува на 470 милиони фунти.