Има ли нешто понезгодно од тоа да си заглавен сред небо на авион со расипан тоалет? Можеби не, ама има посмешно: Ако во авионот со расипан тоалет патуваат куп водоинсталатери, а никој не може да го поправи тоалетот.
Ова не е виц, туку реална случка од викендов, кога лет од Осло кон Минхен мораше да се врати назад поради баш таков проблем.
На конкретниот лет случајно се нашле над 80 водоинсталатери, тргнати на семинар, а кога пилотот го соопштил проблемот, прснале да се смеат.
Иронијата е голема. Дури и да претпоставиме дека го имале алатот со себе, водоинсталатерите обично не знаат да летаат.
„Радо ќе го поправевме тоалетот, ама за жал таквата работа на авионите треба да се обави однадвор. А ние не сакавме да ризикуваме да испратиме наш вработен надвор на висина од 10.000 метри“, се пошегува Франк Олсен – извршен директор на водоинсталатерската компанија Rorkjop за норвешкиот информативен портал Daglabet.
Летот DY1156 полетал кратко по 9:30 часот од Осло, но морал да слета само по 30 минути, откако прво кружел над пистата за да намали дел од горивниот товар.
За разлика од што сé сме се изначитале, ова излезе баш фина приказна.