Колку витамини ви се потребни?

vitaminiВитамините се супстанци од животно значење. Поголем дел од нив телото не може да ги произведе, туку ги внесуваме заедно со храната. Тие имаат повеќекратна улога во организмот.

20202085774b4da5a2b08ed435314903_extremeВитамините се супстанци од животно значење. Поголем дел од нив телото не може да ги произведе, туку ги внесуваме заедно со храната. Тие имаат повеќекратна улога во организмот.

Така, позитивно влијаат на работата на имунолошкиот систем, а неопходни се и за создавање на хормоните и ензимите кои ги потикнуваат и регулираат бројните процеси во оргамнизмот, како, на пример, размената на материите. Слично е и со минералните материи, кои исто така ги внесуваме преку храната. Помеѓу другото, тие се градивна состојка на коските и забите, го регулираат нивото на водата во организмот и го овозможуваат функционирањето на нервите и мускулите. Бидејќи витамините и минералите се неопходни за живот, стручњаците ги нарекуваат со заедничко име супстанци од витално значење (vita лат. живот). Би било најдобро кога секојдневно би го снабдувале организмот со доволна количина од овие супстанци. Еве кои се најважните супстанци од витално значење.

Витамини
Витаминот А е важен за раст на клетките, особено за кожата, слузокожата и ‘рскавицата. Освен тоа, го подобрува видот, го јакне имунолошкиот систем и штити од рак.
Дневни потреби од овој витамин: 0,8 милиграми кај жените и 1 милиграм кај мажите
Главни извори: морков, спанаќ, жолчки

Витаминот Б е важен за многу процеси во организмот. На пример, го регулира добивањето енергија од јаглените хидрати, со што се овозможува преживувањето и функционирањето на клетките. Освен тоа важен е за пренесување на нервните дразби.
Дневни потреби; 1 милиграм за жени, 1,2 милиграми за мажи, на пример. најмалку 50 семки од сончоглед.
Важни извори; свинско месо, интегрални житарки, компир, грав

Витаминот Це е важен антиоксидант (ги штити клетките и другите витамини од агресивните слободни радикали) и има речиси универзално дејство. Учествува во создавањето на врзивното ткиво и хормоните, во лечењето рани, уништувањето на токсините во црниот дроб и снабдувањето на организмот со кислород (ја потикнува апсорбцијата на железото кое го транспортира кислородот до клетките). Освен тоа, го јакне имунитетот и штити од рак.
Дневни потреби: 100 милиграми (на пример о,2l сок од портокал).
Важни извори: Шипинка, пиперка, брокула, киви, агруми.

Витаминот D го создава самиот организам под дејство на сончевата светлина. Неопходен е за апсорпција на калциумот и фосфатите од цревата, а со самото тоа и за здравјето на коските и забите.
Дневни потреби: 5 микрограми (15 минути дневно или две жолчки дневно).
Важни извори: рибино масло, масна морска риба (на пример лосос, скуша, харинга, сардина, туна), црн дроб, жолчки, млеко, млечни производи, спанаќ.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Витаминот Е, исто така е важен антиоксиданс. Ги ублажува воспаленијата, го спречува запушувањето на крвните садови (штити од инфаркт), допринесува за здравје на кожата и штити од рак.
Дневни потреби: 12 милиграми за жени, 14 милиграми – мажи, на пример најмалку една лажица пченични никулци.
Важни извори: пченични никулци, житарки, јаткасто овошје.

Ниацинот е состојка на многу ензими во организмот и неопходен е за обновување на кожата, мускулите, нервите и наследниот материјал во клетките (ДНК). Освен тоа, го стимулира варењето, а неопходен е за добивање енергија во организмот.
Дневни потреби: 13 милиграми кај жените, 16 милиграми кај мажите, на пр. најмалку 100 грама говедско месо. Важни извори: црн дроб, буковка, квасец, кикирики, месо (особено говедско), риба, млеко, млечни прозводи,
прозводи од интегрални житарки.

Минерали
Железото е состојка на крвниот пигмент хемоглобин 9го траспортира кислородот до клетките) и на многу ензими во организмот.
Дневни потреби: жени – 15 милиграми, мажи – 10 милиграми, на пр. најмалку 115 грами просо.
Важни извори: месо (особено говедско), просо, производи од интегрални житарки, зелен лиснат зеленчук, јаткасто овошје, семки (на пр. лен). Организмот од растителната храна апсорбира само 10% железо, а од животинските намирници 30%. За да се искористи двојно повеќе железо, треба да се конзумира и растителни и животниски продукти кои го содржат овој минерал.

Калциумот е важен за здравјето на коските и забите, ја регулира работата на нервите, а неопходен е за згрутчување на крвта.
Дневни потреби: 1.000 милиграми (на пр. 0,75l млеко)
Главни извори; кашкавал, млеко, млечни прозводи, зелка, сусам, смокви

Магнезиумот активира околу 300 ензими кои учествуваат во метаболизмот, важен е за функционирање на нервите и мускулите, како и за јакнење на коските и тетивите и за заштита од стрес.
Дневни потреби: жени – 300 милиграми, мажи – 350 милиграми, на пр. најмалку три парчиња леб од интегрални житарки плус 0,5 литри млеко.
Главни извори; происводи од оинтегрални житарки, семки од тиква и сончоглед, грашок, сусам, јаткасто овошје, минерална вода (најмалку 100 милиграми).

Селенот штити од надворешните штетни влијанија, го јакне имунитетот, го спречува ракот, допринесува за здравјето на косата и ноктите.
Дневни потреби:30-70 милиграми (на пр. најмалку 10 грама сусам).
Главни извори: сусам, јаткасти плодови, риба, месо

Цинкот го активира работата на енсимите кои учествуваат во метаболизмот, важен е за имунитетот и го неутрализира дејството на штетните слободни радикали.
Дневни потреби: 7 милиграми – жени, 10 милиграми – мажи (на пр. 20 грама зобени снегулки), говедско месо, риба, млечни производи, јајца, сончоглед, сирење камемебер.

- Реклама -