Колку троши Ким Џонг Ун на алкохол?

Здравјето на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун е значително влошено, и тоа за краток период. Се смета дека е резултат на неговото долгорочно консумирање на големи количини алкохол и масна храна.

Извори откриваат дека „големиот водач“ воопшто не води сметка за тоа колку јаде и колку пие, а дека таа карактерна особина го краси уште од тинејџерските денови.

Неофицијално, се открива дека Ким годишно троши по повеќе од 30 милиони долари само на алкохол. Очекувано, омилени пијалоци му се најскапото виски и шампањско, со кои понекогаш ќе ги почасти и своите најверни соработници.

Ким ужива и во француски цигари, откриваат изворите. Цената на една кутија е 44 долари.

Исто така, ги обожава и сите видови месо, а најмногу ужива во „кобе“ (корејска скара) и разни видови полномасно сирење. Јаде и големи количини суши.

Ако им се верува на светските медиуми, поради преголемата гојазност Ким има мноштво здравствени проблеми, меѓу кои и висок крвен притисок и дијабетес.

Да не заборавиме; Ким се има фалено и дека испил 10 вина во една вечер. Се има фалено и дека победил возрасен во трка со јахти кога бил дете, како и дека знае да вози од свои 3 години… Ама тоа е друга тема.

 

- Реклама -