Ако ги замислиме облаците на небото, веројатно претпоставуваме дека тие тежат онолку како што изгледаат – малку.
Сепак, тоа не е точно, тврдат научниците.
За да дознаеме колку тежи еден облак, најпрвин мора да сфатиме колкава е неговата густина. Научниците ја измериле густината на водата на типичен облак (од оние белите кои ги гледаме за време на убав ден). Таа изнесува ½ грами на кубен метар.
Потоа, треба да пресметаме колку е голем облакот. Со мерење на сенката на облакот кога сонцето се наоѓа директно над него може да се добие неговата ширина. Типичен бел облак е долг околу еден километар и најчесто е висок исто толку. Тоа е облак со волумен од една милијарда кубни метри.
За да се добие содржината на водата во облакот, се користат густината и волуменот. Седобива 500.000.000 грами вода, односно 500.000 килограми. Значи, еден облак тежи колку 100 слонови, односно 2.500 магариња.
Облакот не паѓа, иако е толку тежок, бидејќи има помала густина од сувиот воздух и неговото количество вода е распоредено на голема површина. Кога густината на водата во облакот ќе се зголеми и капките станат поголеми и потешки, облакот паѓа, но малку по малку, во облик на дожд.