Колку сте добри во кревет? Има апликација за тоа

Тешко е да го замислиме нашиот ден без технологија, но станува се потешко да ја замислиме и ноќта без истата. Апликациите се се повеќе добродојдени дури и во најинтимните делови од нашиот живот, а сега постои и таква што ќе ги измери и подобри вашите перформанси во креветот.
Новата мобилна апликација „Spreadsheets“ го надгледува вашиот перформанс во креветот и ви обезбедува статистички и историски повратни информации за  анализа, се вели на официјалниот сајт на апликацијата. Со помош на акцелерометар и микрофон, „Spreadsheets“ ги следи степенот на гласност, брзината на движењата и временската рамка на издржливост на корисникот, со што одредува колку добро тој си ја завршил работата.

„Spreadsheets“ настојува да го претвори сексот во игра, а за таа цел доаѓа со широк спектар на достигнувања и „achievements“ кои треба да ги исполните, како на пример, да имате секс во кујната, да имате секс долг 40 минути, да имате секс 3 пати во денот и слично, што би значело дека апликацијата би можела да го бара вашето внимание дури и неколку пати во денот.

http://youtu.be/Dz4hVQ8cEQ8

Сепак, изедначувањето на добриот секс со тоа колку сте гласни или брзи во креветот е лош начин за да го одредите степенот на задоволство, но судејќи по студиите кои доаѓаат до заклучок дека се повеќе луѓе користат технологија во креветот, не е за изненадување што продолжуваат да никнуваат вакви апликации.

Во меѓувреме, ние ве советуваме да го исклучите телефонот и наместо тој да ги следи вашите реакции, вие следете ги оние на партнерот. Веруваме дека подобро ќе пресудите колку тој/таа ужива отколку било која апликација.

 

- Реклама -