Без оглед на тоа дали сте во врска, брак или сте сами, сигурно барем еднаш сте се запрашале колку секс е нормално. Еднаш, двапати дневно или еднаш во месецот?Не постои точен одговор на ова секогаш присутно прашање, бидејќи сексот во односите воглавно зависи од индивидуалните потреби, желби и можности.
Либидото на секоја личност е на различно ниво и не мора да значи дека сте вие и вашиот партнер по тоа прашање на иста бранова должина, ниту пак дека морате да бидете, иако спепенот на согласување е пропорционален на задоволството во сексуалниот живот.
Од друга страна, може да се случи вие и вашиот партнер да имате совршено складно либидо и навистина да сакате да водите љубов секогаш на двострано задоволство, безразлика дали е тоа еднаш седмично или еднаш месечно. Важно е да не се заморувате со броеви и статистики на други парови.
Она што е сигурно, е тоа што не морате да се заморувате со тоа дали сте нормални ако сакате секс секој ден или повеќе пати дневно, или ако имате желба и потреба за секс само еднаш во месецот.
Човековата сексуалност е навистина многу распростанета тема и со оглед на тоа што луѓето сексуално ги возбудуваат различни работи, движења и пози, тешко е да се говори за нормална количина на секс.
Иако постојат бројни студии на оваа тема кои изнесуваат одредени статистички податоци, прашањето на либидото е многу индивидуална работа. Сепак, најважно е вашето сопствено задоволство и можноста за здрав разговор за сексуалниот живот со вашиот партнер. Доколку вашите и потребите на партнерот се разликуваат, обидете се да пронајдете компромис и нормално да разговарате за тоа. Здравата комуникација е темел на секој успешен однос, безразлика кој проблем е во прашање.