Колку плаќаат различните земји за олимписки медал?

Не сите натпреварувачи, кои се на Олимпијадата, имаат приход на Линдзи Вон или Шон Вајт. Всушност, многу од нив едвај собираат пари за подготовки, а  многумина морале да работат обични професии, за да се издржуваат.

Кога ќе освојат олимписка титула, сепак,  сè се менува. Покрај привлекување на потенцијални спонзори, тие имаат и сигурна премија.

Погледнете  какви премии се предвидени за своите медалисти во различни земји:

Естонија – За златен медал државата дава 138 500 долари;  за сребро – 96 400 долари, а бронзениот е оценет на 60 000 долари.

Италија – За златен медал 189 800 долари.

Русија очекува да има многу медали. За златен медал домаќините плаќаат 113 200 долари, што сигурно ќе има и дополнителни регионални бонуси кои може да се додадат на  таа сума.

Швајцарија дава 88 600 долари за златен медал.

Во САД износите се мали – само 25 000 долари, но треба да се има предвид дека Американците кои имаат освоено златен медал, секогаш добиваат  многу добри спонзорски предлози потоа.

Латвија плаќа 192 800 долари.

Во Малезија ветија за златниот медал солидно блокче злато од рудник во Куала Лампур во вредност од 600 000 долари! За жал ниту еден спортист не се квалификуваше за Олимпијадата, а земјата немала златен медал од 1956 година.

Интересно е дека Велика Британија не плаќа премија за златен медал.

„Веруваме дека желбата да ја претстават својата татковина е доволна мотивација за нашите спортисти”, велат од Британската Федерација. Најдобрите британски спортисти сепак имаат одлични услови за подготовка и плаќање, а ако станат шампиони кон нив ќе заврне дожд од спонзорски договори.

- Реклама -