Колку пациенти се на болничко лекување од ковид-19

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатите 24 часа се примени 3 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 61. Од нив критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ новопримени се 11 лица, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти, покажуваат податоците што денеска ги објави Министерството за здравство.

Според истите податоци, од вкупно 1 326 досега дијагностицирани со ковид-19, излекувани се 337 лица, додека 57 лица починаа.

- Реклама -