Дали некогаш сте се запрашале колку пати во животот вистински сте се заљубиле? Анкетата спроведена врз 2000 луѓе за нивниот сексуален и љубовен живот, открива колку пати вистински ја „губиме главата“.
Резултатите покажале дека тоа се случува само два пати во животот, а повеќето се согласиле кога станува збор за нивниот моментален партнер.
Само еден од седум учесници сметал дека личноста со која е во моментот во врска не е љубовта на неговиот живот. Меѓутоа, тоа што тие се во моментот во врска која не ги исполнува, не ги спречува и понатаму да трагаат по вистинската личност. 17% изјавиле дека вистинската личност ја пронашле додека биле со некој кој претставувал „компромис“.
Резултатите покажале дека е тешко да ја пронајдете вистинската личност. Иако е добро познат стереотипот дека жените почесто се заљубуваат во мажите, сепак истражувањето покажало дека двата пола љубат вистински само два пати во животот. Алармантно е тоа што многумина изјавиле и како се во брак со некој со кого само добро се согласуваат.
Сепак, во истражувањата од 2012 година спроведено врз ист број на испитаници, резултатите покажаа дека луѓето се заљубуваат четири пати во животот