Колку неработни денови имаат Македонците, а колку Европјаните?

Оваа мапа направена од Јакуб Мариан покажува колку всушност неработни државни празници одмараат Европјаните. Притоа не се сметаат оние државни празници што секоја година паѓаат во недела, како што е Велигден.

Во Швајцарија и Словачка, на пример, според мапата, се одмара повеќе отколку каде било на друго место во Европа, дури и до 16 дена во годината. Шведска, Турција и Шпанија го делат второто место со 14 неработни денови.

Велика Британија има 11 државни празници, со тоа што таму празниците не се неработни. Делумно, на Британците тоа им е компензирано со тоа што имаат 28 дена платен годишен одмор.

Холандија пак, има 8 државни празници.

Ако погледнеме на глобално ниво, најмногу се празнува во Азија (8), па во Латинска Америка (4), па Западна Европа (3), Централна и Источна Европа (3), на Блискиот Исток и Африка (2), па на крајот Северна Америка.public-holidays-europe[1]

Меѓутоа, Јакуб Мариан не напоменува дали и колкава тенденција постои во Европа да се спојуваат празници, како што е тоа на пример кај нас.

- Реклама -