Колку навистина во Македонија се јаде генетски модифицирана храна?

Во 1999 година 300 ценети научници се потпишуваат на отворено писмо до светските сили, и бараат од нив, производството на генетцки модифицирана храна да биде стопирана, најмалку 5 години. До овој момент писмото има 828 потписници од 84 различни држави! Од почетокот па до сега ова барање е презентирано и игнорирано од: Конвенцијата на ОН за одржлив развој, Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност, Светската трговска организација, па дури и од Конгресот на САД.
HoneybeeMayerGermanBan
Иницијативата за ова писмо прв ја покренува Институтот за наука во општеството, која преставува непрофитабилна организација на научници од целиот свет, посветена на каузата за стопирање на гентски модифицирани експерименти. Тие исто така се залагаат за стопирање на патентирање на организми, ДНК и живи суштества. Таквите патенти (еден вид на корпоративна верзија на глумење Господ) се закануваат на безбедноста на храната, на автохтоните сорти на семиња, ги прекршуваат основните човекови права и достоинство, прават компромис со здравјето на луѓето, ги попречуваат медицинските и научните истражувања и се против доброто на целиот животински и растителен свет.
gmo-scientists-263x164
Во Македонија според надлежните институции, ГМО-состојките евентуално може да се најдат во кондиторски производи, кои во својот состав имаат пченка, соја и сл. Сепак, не е јасно врз основа на што надлежните тврдат дека не јадеме ГМО затоа што не се спроведува контрола што може тоа да го потврди, односно се верува на декларациите. (последниот параграф е превземен од текст објавен во весникот Дневник на 15.05.2013). Имајте на ум дека Американската Здравствена Асоцијација пред една година јасно се произнесе дека нема потреба од етикетирање на генетски модифицираната храна!
GMO_tomato_10_1
Прашањето што се наметнува е следново: Колку навистина во Македонија се јаде генетски модифицирана храна?

- Реклама -