Колку минути мажите можат да слушаат внимателно?

Ново истражување покажува дека мажите честопати не ги следат внимателно разговорите, освен кога се дискутира за спорт и жени. Голем дел од господата се дефинираат како лоши слушатели на теми како ручек со партнерот, неговите чувства, неговата исхрана, односите меѓу други луѓе, ѕвезди, шопинг, Фејсбук озборувања, хороскопи.

Истражувањето беше спроведено со 2000 мажи и според истото се испоставува дека тие се „исклучуваат” во просек на 6-та минута од разговорот со нивната девојка и на 15-та при разговор со пријателите .

Жените пак се многу повнимателни слушателки, кога станува збор за разновидни теми.

Студијата покажа дека најпопуларните теми за разговор помеѓу мажите се фудбал и жени, а дамите сакаат да зборуваат за односите меѓу луѓето .

Се докажа уште дека најтешко е да се придобие машкото внимание за време на спорт или компјутерска игра.

Заклучно, излегува дека барем четири пати неделно мажите воопшто не ги слушаат жените.

55% од жените, пак, редовно ги тестираат своите партнери дали ги слушаат.

Според една третина од девојките најчест знак дека партнерот не ги слуша е кога долго не одговара на нагло поставено прашање или пак почнува да одговара единствено со празни изрази.

- Реклама -