Колку меморија им е потребна на корисниците на „смартфон“?

Модерните смартфони се одликуваат со сè подобри дисплеи, поголема продуктивност и помоќни батерии.

Како стојат работите во однос на внатрешната меморија и што е доволно за да се задоволат потребите на корисниците? Многу од современите уреди беа критикувани поради недостатокот на слотови за проширување на меморијата. Меѓу нив присуствуваат модели од највисока класа, како оние од серијата HTC One и дури најновиот Galaxy Note5.

Недостатотокот на слични слотови се појавува како последица предизвикана од дизајнот на уредите. Дали сепак, недостатокот на сличен слот е проблем за потрошувачите и од колку внатрешна меморија имаат потреба тие?

Анкета на изданието phonearena.com дава одговор на ова прашање. Минимален дел од корисниците, или малку над 13%, можат да се справат со помалку од 32 GB внатрешна меморија. Само 0,5% од испитаните 4 000 корисници може да се справат со помалку од 8 GB внатрешна меморија. Околу половина од корисниците велат дека имаат потреба од меморија меѓу 32 и 64 GB – фактор кој дефинитивно треба да се земе во предвид од производителите на паметните телефони. Најмногу, или 26,1% од корисниците, велат дека имаат потреба од повеќе од 64 GB внатрешна меморија.

- Реклама -