Колку ќе чини новата Lancia Ypsilon?

Италијанскиот производител претстави целосно нов, електричен Ypsilon, со што зачекори во ерата на електричните модели.

Четвртата генерација на Ypsilon го користи добро познатиот хардвер на групацијата Stellantis, кој го дели со моделите Peugeot 208 и Opel Corsa. Сепак, тој се истакнува со своите уникатни стилизирани панели на каросеријата и внатрешен дизајн, додавајќи допир на италијански шмек.

Ypsilon порасна во споредба со претходната генерација (димензии l/w/h: 4,08/1,76/1,44 m; меѓуоскино растојание: 2,54 m) и се пресели во автомобилскиот сегмент Б во Европа.

Тој беше претставен во ексклузивното EV издание наречено Cassina, додека подоцна ќе пристигнат и „лесните“ хибридни верзии. Lancia има намера да произведе 1.906 „нумерирани и сертифицирани единици“ на Ypsilon Cassina како почит на годината на основање на брендот (1906).

Ypsilon Cassina веќе е достапен за нарачка во Италија по цена од 39.999 евра. За споредба, основниот Tesla Model 3 (RWD) започнува од 42.490 евра.

Подоцна на пазарот се очекува лесен хибрид со бензински мотор кој ќе биде значително поевтин.

Извор: b92.net

- Реклама -