Колку им е потребно на жените да се возбудат?

Дали е навистина точно дека на жените им е потребна цела вечност за да се возбудат?

Иако и самите не знаеме како, некако стана универзално мислење дека на жените им е се потребни саати предигра за да се расположат за секс и да бидат доволно возбудени. Нема да лажеме и залажуваме дека долгите бакнежи, мазења и орален секс не им одговараат на жените, но тоа не е секогаш неопходно.

Една неодамнешна студија објавена во списанието за сексуална медицина- Journal of Sexual Medicine, тврди дека и мажите и жените почнуваат да покажуваат знаци на возбуда по само 30 секунди. Покрај тоа, постои мала разлика во времето кое е потребно мажите и жените да го достигнат врвот на сексуалната возбуда (во смисла на максималната генитална температута која се зголемува кај двата пола при возбуда). Канадските научници избрале неколку момци и девојки да гледаат порнографска содржина.

За тоа време, научниците ги следеле промените во нивните генитални области со помош на термо чуствителни сензори, со цел да се дојде до заклучок колку време е потребно за гениталиите да се вжештат. Истражувањето покажало дека машките испитаници во просек им биле потребни 11 минути, додека кај женките 12 минути за да го достигнат врвот на сексуалната возбуда, барем што се однесува до температурата во гениталиите. Резултатите од ова истражување убедливо го побиле универзалното непишано правило дека на жените им е потребно многу повеќе време за да се возбудат.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Но, уште една важна работа треба да ја спомнеме. Испитаниците порнографската содржина ја следеле преку специјални очила кои го минимизирале визуелното поле за да се намали можноста од некој друг настан во просторијата да им го одвлече вниманието и да го успори процесот на возуда. Зошто овој дел научниците го сметаат за важен? И каква врска има тоа со митот за жените дека им е потребно повеќе време за возбуда?
Тоа е важно бидејќи женскиот мозок работи на малку посложен начин од машкиот, на начин што жените се често склони на мултитаскинг. Заради таквиот начин на функционирање, жените потсвесно анализираат сѐ околу себе, а често во тек на некои активности мислат на сосема други обврски. Сето ова води до пад на концентрација што може значително да ја успори брзината на возбудувањето. Затоа, следниот пат кога ќе тргнете во акција, заборавете на состаноците и обврските, згаснете го телевизорот и само препуштете се чисто на задоволството.

- Реклама -