Колку е ризичен автомобилот во кој Пол Вокер го загуби животот?

Спортскиот автомобил во кој актерот Пол Вокер пред една недела трагично го загуби својот живот, беше во центарот на истрагата со цел да се утврди што точно се случило за возилото да излезе надвор од контрола и да удри во дрво.

Се претпоставува дека автомобилот Porsche Carrera GT од 2005-та, се движел со брзина над дозволената, а професионалните возачи запознаени со овој модел велат дека ова не е обичен автомобил за секојдневен возач, етикетирајќи го како “брутално” брз и “проблематичен за управување”.

Светло-црвениот автомобил, кој во моментот на несреќата бил управуван од страна на Роџер Роудс, близок пријател и бизнис партнер на Вокер, но и искусен автомобилист, имал V10 агрегат со три пати повеќе коњски сили од просечно возило.

paul-walker-car-crush_abongamra

Во една епизода на шоуто Top Gear, беше тестиран сличен модел, за кој беше заклучено дека е ризичен еднакво колку што е и убав.

Недостатокот од стабилност и малата тежина на автомобилот беа наведени како главна причина за опасностите кои ги носи со себе ова возило.

Во еден краток извадок од конкретната епизода, прикачен на YouTube, може да се види како овој модел на два пати “откажува послушност”.

[youtube]http://youtu.be/vE_WqdKbTvY[/youtube]

- Реклама -