Колку е опасно за вашето здравје да не ги перете домашните папучи?

реклама

Ако имате омилен пар влечки, голема е веројатноста дека ги носите секој ден.
Но, кога последен пат сте ги переле?
реклама
Папучи кои одамна не ја виделе внатрешноста на вашата машина за перење може да станат дом на „невообичаени жители“, вели педијатарот д-р Алиса Кузинас. И во некои случаи, вашите стапала или нокти може потенцијално да платат висока цена.
Добрата вест е што можеби нема да треба да ги миете толку често колку што сте мислеле, пренесува livestrong.com.
реклама
Можни последици доколку не ги миете влечките
За разлика од неизмиената постелнина или облека за вежбање, вашите валкани влечки не претставуваат голема биоопасност. Но, колку подолго поминувате без миење, толку е поголема веројатноста тие да содржат микроби или надразнувачи кои потенцијално можат да влијаат на кожата на вашите стапала.
реклама
„Обувките можат да содржат бактерии и габи, кои предизвикуваат габи на стапалата и ноктите, заедно со вирусите кои предизвикуваат плантарни брадавици“, вели д-р Кузинас.
Покрај микробите, во внатрешноста на вашите папучи може да се акумулираат и мртви клетки од кожата, прашина или други остатоци што потенцијално можат да предизвикаат чешање или иритација на стапалата, додава таа.
Сепак, веројатноста дека всушност ќе наидете на проблемот зависи од тоа како ги носите вашите влечки. Ако носите влечки со чорапи, ризикот од горенаведеното е мал, бидејќи чорапите формираат бариера помеѓу стапалата и влечките.
Но, ако ги носите без чорапи, вашите стапала внесуваат повеќе нечистотија во вашите влечки, а поголема е веројатноста да дојдат во директен контакт со она што е веќе внатре, додава д-р Кузинас.
Ситуацијата може да се влоши и ако вашите стапала многу се потат, бидејќи потта создава топла и влажна средина што дозволува бактериите што предизвикуваат инфекција да растат.
Исто така, ако носите влечки и на отворено и на затворено, најверојатно ќе внесете нечистотија и бактерии однадвор на вашите подови. Ова ги вклучува нездравите бактерии Staphilococcus и Clostridium difficile.
Колку често треба да ги миете влечките?
„Правило е да ги измиете кога ќе видите нечистотија, кога ќе почувствувате непријатен мирис или влага во влечките“, вели д-р Кузинас.
Тоа може да значи еднаш неделно ако ги носите без чорапи, многу се потите или носите влечки надвор од куќата, во ходниците на зградата или на тераса, на пример. Ако секогаш носите чорапи и никогаш не излегувате надвор со влечки, веројатно е доволно да ги перете неколку пати годишно, пренесува N1 Загреб.
реклама

Извор