Оние од вас кои што сакаат да носат аналогни часовници,сигурно ќе пројават интерес за овој модел.
Наместо да ја користи вообичаената конфигурација од тастатурата за минутите и часот, Ora Unica има една невообичаена линија која што го прикажува времето.
Иако на прв поглед ви се чини невозможно да дознаете колку е часот, треба само да се погледнат двата краја на заоблената линија – внатрешниот раб покажува час, а надворешниот – минутите.
Ора UNICA се продава за 184 долари.