Колку денови годишно губат жените размислувајќи што да облечат

Истражување со учество на две илјади жени откри дека просечната жена троши повеќе од еден час неделно додека се прашува што да облече.

Тоа значи дека понежниот пол губи точно три дена во годината на оваа пасивна „обврска“. Бројките покажуваат дека секое утро жените размислуваат гледајќи во шкафот, во просек по 12 минути, а за време на викендот тоа време се скратува на две минути.

Оние кои не сакаат да губат време наутро, мислат што да облечат уште од претходната вечер, надополнува истражувањето.

carrie-bradshaw-fancy-dress

 

Ако внимателно испланираат, 2/3 од жените признаваат дека пробуваат барем две комбинации пред да ја најдат идеалната тоалета. Околу 15% жалат за изборот и се враќаат да облечат нешто друго. Цели 25% редовно доцнат на работа, бидејќи не успеале да направат соодветен избор.

Најголемите дилеми се водат околу тоа дали алиштата се погодни за работа или не. Други грижи се поврзани со времето, поводот, уникатноста…

- Реклама -