Актерката Лили Џејмс, која во најновиот Дизни хит ја играше Пепелашка, го открила најтешкиот дел од снимањето.
Не е лесно да се биде Пепелашка, што го потврдува признавањето на британаската актерка Лили Џејмс.
„На снимањето сè се одвиваше многу брзо па немавме време за подолга пауза за ручек. Во тие кратки паузи, немаше доволно време да го слоблечам корсетот за да јадам оброк. Бидејќи го носев корсетот, не можев да јадам храна бидејќи ќе ми беше потешко во него. Така јадев само супа- и нешто лесно за да не ми направи проблеми во корсетот“, открила убавата актерка.
Иако ваквите филмови промовираат тенки половини, Лили се надева дека младите жени ќе најдат среќа во здравјето.
„Мислам дека девојките во развој стекнуваат целосно погрешен впечаток за тоа како жена треба да изгледа. мислам дека пред сè важно е сите девојки да бидат здрави, самоуверени и природни. Не треба да се нервираат околу тоа да бидат слаби- навистина не ја разбирам таа приказна околу императивот да се биде слаб“, открила младата ѕвезда за E! News.