Како што нè научи „историјата“, сите популарни технолошки уреди минуваат низ три фази: кога се хит, кога се сметани за ѓубре, и кога стануваат скап антиквитет. Така е и со следниве.
Еднаш многу одамна, наместо со смартфони, младите шетаа со вокмен или дискмен. Првиот Walkman TPS-L2 Sony го претстави на 1 јули 1979 година. Се продаваше во сино-сива боја и имаше два излеза за слушалки, за да можат двајца да слушаат музика во исто време. Вокмените беа исклучително популарни во 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Денес ги има само на еBay, а цената на добро сочуван Walkman се движи и до 530 долари.
А на вокмен се слушаа касети. Првата касета ја направи компанијата Philips, во 1962 година во Белгија. Касети се слушаа и беа популарни во периодот од 70-тите до 2000 година, кога се појавија компакт дисковите (CD). Денес оригинални касети се продаваат и по цена од 50 долари на eBay.
Кога CD-ињата ги заменија касетите, замена доби и Walkman – негов директен потомок беше Discman. И дискменот е „чедо“ на Sony, а настана во 1984 година. Се користеше сè до почетокот на владеењето на .mp3 форматот. Денешната цена на сочуван стар дискмен се движи и до 376 долари (поевтин од Walkman).
Пар векови порано, пред вокмените, радијата, музичките линии и компјутерите, музика се слушаше на грамофон. Првите грамофони се произведени во 1880-тите, а пад на продажбата доживејаа дури во текот на 1990-тите. Денес повторно стануваат хит, како и грамофонските плочи, но овој пат не може секој да си ги дозволи. Цената на еден стар грамофон може да достигне и до 1.000 долари.
Плочите, пак, какви што ги знаеме денес (so 78 вртежи по минута), почнал да ги произведува Јуинг Данбар Нан (Ewing Dunbar Nunn) во 1951 година, кратко откако ја основал издавачката куќа Audiophile Records. Беа „ин“ до 1980-тите години. Денес чинат и по 160 долари.