Колку би чинел вистински Iron Man костум?

Повеќе...Костумот на Iron Man можеби и не е фикција како што си мислите. Повеќето од компонентите постојат сега или се во фаза на развој. Колку ли го чинело Тони Старк за да го направи?

Костумот на Iron Man можеби и не е фикција како што си мислите. Повеќето од компонентите постојат сега или се во фаза на развој. Колку ли го чинело Тони Старк за да го направи?

Дисплеј на кацигата
500x_tonycosttop

Тони го контролира Iron Man костимот преку софистициран дисплеј кој се активира со глас. Може лесно да се спореди со кацигите што се активираат на глас кои моментално се во фаза на развој за борбените авиони F-35. Пилотите ги користат овие дисплеи за да ги насочуваат своите авиони, како што Тони го контролира својот костум. Минатата година компаниите изјавија дека буџетот кој е потребен да се развијат овие дисплеи е 54.1 милиони долари.

Егзоскелет
500x_tonyexoskeleton

Костимот на Тони е првично егзоскелет кој му дава на Iron Man супер сила и подвижност. Неколку компании и лаборатории, како тие во Raytheon и Berkeley развиваат егзоскелети. Ги дизајнираат за војници кои носат тежок товар, или за лица со посебни потреби, како замена за колички и штаки. Најверојатно најблиску до костимот на Тони е костимот на Raytheon – XOS егзоскелетот, кој на човекот што го носи му овозможува да носи 90 кг., а да не чувствува ништо. Цената за еден ваков егзоскелет: 10 милиони долари.

Мобилен извор на нуклеарна енергија
500x_tonynuke

Нуклеарното срце на Тони може да се спореди со изворот на енергија на нуклеарниот генератор MMRTG (Multi-Mission Radioisotope Thermoelectric Generator), кое овозможува напон на своето големо роботско тело од мал извор на енергија. Иако MMRTG со своите 4 килограми на плутониум диосксид е поголемо од срцето на Тони, неговите компоненти се доволни мали за да се направи оваа споредба. Цената на еден MMRTG (според НАСА): 36 милиони долари.

Ракетен погон

500x_tonyjetpacks

Во внатрешноста на чизмите на Тони има ракетен погон кој му овозможува да лета и да лебди. Иако работите на ракетен погон не работат доволно добро, има неколку скорешни успеси. Yves Rossy, човекот на сликата, всушност го прелета Англискиот канал со својот изум на ракетен погон. Има неколку компании кои продаваат вакви „апарати“, слични на опремата која Тони Старк ја има во својот костум. Цената на два ракетни погони (по еден за секоја чизма): 400.000 долари.

Преносни компјутери
500x_tonywearablefinal

Костимот на Тони во филмот е поддржан од преносни компјутери кои се поврзани со секој дел од телото и се контролирани со кацигата. За среќа, преносните компјутери се многу евтини. Во суштина, можете да земете многу моќен компјутер и да направите неговите компоненти да се вметнат во егзоскелетот. Но, да речеме дека сака големи хард дискови, многу моќни процесори, некои антени за предвидување на времето, некој супер оперативен систем… дури и тоа може да се направи. Пресметаната цена на преносни компјутери: 20.000 долари.

Па, која е конечната цена?
100,420,000 долари.

- Реклама -