Хрватската претседателка со нејзиното однесување за време на финалето на Светското првенство, ги освои срцата на целиот свет. Но, некои таквото однесување го дочекаа „на нож“.
Поради тоа, Колинда Грабар Китаровиќ почувствувала потреба да го оправда своето однесување од таа ноќ:
– Не можев да издржам да не отидам таму. Не можев да спијам од возбуда, од гордост и радост по натпреварот. Малку бев и тажна што не победивме. Дури и Макрон рече дека бевме најдобри. Можеби ни недостигаше малку среќа. Драго ми е што цел свет нè доживува како морални победници, како победници кои ги освоија срцата на сите – рекла Колинда за хрватскиот РТЛ.
Таа вели дека за време на натпреварот била понесена од атмосферата и навивала за своите од срце, нагласувајќи дека се работи за мала држава која направи голем успех.