Манолиќ кажа дека Китаровиќ не може да победи на претстојните претседателски избори, поради тоа што од Пантовчак ја исфрли бистата на Јосип Броз Тито, носителот на антифашизмот.
Тој истакна дека поради тоа половина Хрватска веднаш на почетокот се против неа, со уверување дека актуелната претседателка на Патновчак ќе ја замени поранешниот премиер и претседател на највлијателната опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.
„Сега ние ќе ги обединиме СДП и антифашизмот и мислам дека уште во првиот круг ќе ја добиеме битката против госпоѓата“, кажа Манолиќ, кој своевремено заедно со Фрањо Тужман ја формираше владејачката ХДЗ.
Манолиќ оцени дека идниот претседател на Хрватска ќе биде избран во првиот круг и дека тоа ќе биде кандидатот на СДП Милановиќ.
„СДП направи стратегиска платформа да кандидира еден човек бидејќи се бира еден претседател и зад својот кандидат застана целата партија. Ќе застане цела СДП, ќе застане целиот антифашизам и ние уште во првиот круг можеме да добиеме победа“, порача Манолиќ.