Драги почитувачи на културата и литературата, за вас денеска собравме 20 незаборавни мисли од францускиот писател и општественик Виктор Иго.
Речиси два века откако се напишани, тие останале влијателни и цитирани од страна на бројни автори.
Изберете ја вашата мисла на денот:
1. Има нешто многу посилно од секоја војска на светот – тоа е идејата, чие што време е дојдено.
2. Најголемата среќа е да бидеш сакан поради самиот тебе или поконкретно, да си сакан покрај себе.
3. Мрзеливоста е среќа за децата и несреќа за возрасните.
4. Секој човек има три карактери: оној кој му го припишуваат; оној кој сам си го припишува, и оној кој всушност го поседува.
5. Во внатрешниот свет на човекот, сонцето e добрината.
6. Да се оправдаш со лошите дела на другите, е како да се миеш со кал.
7. Музиката го изразува она што не може ниту да се изговори со зборови, ниту да се премолчи.
8. Законот на материјалниот свет е рамнотежата, а на моралниот свет – правдата.
9. Комплимент е како бакнеж во превез.
10. Логиката е безмилосна.
11. Лагата е олицетворение на злото.
12. Да љубиш друг човек значи да го видиш лицето на Бог.
13. Не е страшно да умреш. Најстрашното нешто е да не живееш!
14. На луѓето не им недостасува не сила, туку волја.
15. Оној кој отвора училиште затвора затвор.
16. Победата над стравот ни дава сили.
17. Храбрите соништа го откриваат патот кон иднината.
Ако сме ja заборавиле вашата омилена мисла од Виктор Иго , додадете ја во коментар.