Колекција на старите и нови серии што ги очекуваме оваа есен

Во календарот на сериите има две важни сезони. Едната е есенска, кога почнуваат повеќето (од септември до ноември), а другата е зимска по бескрајните празнични прекини (февруари).

Еве ги телевизиските секвенци кои се очекуваат  оваа есен. (Ако поради некоја причина не сте ги гледале, сега е моментот да ве инспирираме со по некој предлог.

Добрата жена / The Good Wife

9eeb4f5812888fae5c6b18bc616c8b89

„Добрата сопруга” го продолжува својот пат без Вил. Алиша (Џулијана Маргулијс) беше најдобрата сопруга, но по јавен скандал со мажот (американски обвинител, во улогата Мистер Биг) одлучи да се насочи кон себе си и да почне конечно кариера на адвокат. Така веќе пет години  таа ја наметнува железната волја над сите, како и на публиката залепена на екранот секоја недела.  Веќе престанаа да се бројат колку “Златен глобус” и награди “Еми” има Џулијана освоено,  од времето кога глумеше во “ER” Вреди да се запознаете со нејзината Алиша и со нејзиниот  талент. Сезона 6, од 21 септември

Модерно семејство / Modern Family

542d3280dd1581452092ef379f15a3b7

Она што ја прави една комедија голема, е остварувањето на она ниво на забава што успева да те натера не само да плачеш од смеа, туку и да се замислиш над важни прашања. Во „Модерно семејство” остварувањето на оваа точка се случи уште во првата сезона и со мали исклучоци во текот на годините продолжува да го допира срцето на многумина. Сезона 6, од 24 септември.

Внатрешна безбедност / Homeland

53a1e4d0e6d5f7c765c39dad7439954c

Клер Дејнс (во улогата на Кери Матесон) е како Мерил Стрип. Толку е совршена, што дури е здодевно. И во исто време не можеш, едноставно не можеш да се повлечеш од екранот. А оваа приказна е политичка, што веднаш го предизвика интересот кај љубителите на оваа тема. Што ќе стане со Кери, нејзиното бебе и нејзината борба со себе и со лошиот свет по смртта на Броди? Откако интернетот полуде на финалето на минатата сезона од огорченост, најдобриот човек и совршен манипулатор, повторно ќе биде тука, овој пат од страна на приватниот сектор. Сезона 4, 5 октомври

Редакција / The Newsroom

853b842a61e7f53221e0b1cf2db28ced

Ова ќе биде  последната сезона од серијата. Ако сакате да видите што се „готви во кујната“ на една новинска емисија, тоа е филмот. Ако сакате да видите што е вистинско новинарство и да се запрашате дали има нешто такво и кај нас и зошто нема, тоа е филмот. Ако сакате да дознаете повеќе за политиката и нејзините точки со економските интереси и медиумите, ова е филмот. Ако ништо не сте гледале од оваа серија, срдечно ви порачуваме. „Зошто Америка е најголемата земја во светот” – говорот во првата епизода, е еден од најимпресивните говори во светот на телевизијата воопшто . Сезона 3, од 9 ноември

How to Get Away With Murder

7de9c44f4b6b62e37ab88e374ef356ae

Новиот серијал, продуциран од Шонда Рајмс  ќе се врти околу професорка по право, нејзините студенти и откривањето на убиство. Во главната улога е Вајо Дејвис, што е сериозна најава за добар драматичен серијал. Сезона 1, од 25 септември

Неверството / The Affair

13cb212d744feff7e62b38e823089407

Во новиот серијал на Showtime ќе станува збор за односот и психолошките ефекти од неверството на двајцата херои – мажена келнерка во ресторан во Хемптанс и оженет учител кој го поминува летото на островот. Showtime немаат слаба серија, поради што го очекуваме  „Неверството” со голем интерес.  Сезона 1, од 12 октомври.

 

- Реклама -