Тантела и етно – принтови, спој на белите памучни парчиња со џинс, источните мотиви и палетата на земјени природни тонови – така изгледа модата за претстојните пролет – лето низ призмата на дизајнерите од брендот Pull & Bear.
Во рекламната кампања за најновата колекција се појавуваат моделите Симоне Нобили, Даниела Брага, Валерија Сестиќ и Џастин Барнхил кои во кампањата изгледаат како класични модели од педесетитте.
Погледнете како изгледаат рекламните постери на шпанскиот бренд!