Колбаси во вино

Колбасите обично ги поврзуваме со пиво, но ако ги подготвите со вино нема да се излажете. Овој ручек е супер предлог затоа што се подготвува за околу половина час, а вие на трпезата ќе имате месо.

Состојки: 8 колбаси, 2 главици кромид, 1 чешне лук, 1 шолја бело вино, црн бибер

10790_kobasice-u-vinu-01-foto--Shutterstock_iff

Подготовка: На тефлонско тавче исрпжете ги колбасите. Кога ќе бидат готови извадете ги, а во маснотијата во која се пржеа ставете ги исечканиот лук, кромид и две лажици вино. Динстајте повремено мешајќи 20 минути, а по потреба додавајте вино сѐ додека кромидот не стане мек. Вратете ги колбасите во тавчето и зачинете со црн бибер. Додајте го преостанатото вино и пржете уште 10 минути.

Добар апетит!

- Реклама -