Овој е еден од оние колачи за кои не треба ни миксер. Само мешаш сите состојки заедно, ставаш во плехче, печиш, и јадеш. =)
Лудо има на странава поставено рецепт за намазот од урми, јас малку погуст го направив, и одлично се вклопи во колачов со ѓумбирот и маџунот.
Бидејќи маџунот ми беше зашеќерен, најпрво го ставив во длабок сад, заедно со намазот од урми, и го размешав со жица за метење, да се растопи. Додадов масло, па постепено сите суви состојки.
Се меша додека смесата не се изедначи.
Се истура во плехче премачкано со маргарин (јас го печев во округла тава бр.26), и се пече 35-40 минути на 180 степени.
Совет – бидејќи ми изгледаше премногу густо не го ставив целото брашно, ми останаа околу 3-4 лажици од вкупната количина.
МОИ РЕЦЕПТИ