Коктел за срцево здравје

коктелАко имате пристап до сите потребни овошја, тогаш го имате рецептот за подолг поздрав живот. Научниците велат дека развиле коктел од седум овошни сокови кои го подобруваат здравјето, го намалуваат ризикот од срцеви болести, и притоа е вкусен. Овој „супер коктел“ содржи грозје, јаболка, боровинки, јагоди и брусница.

Но, има и егзотични додатоци. Ацерола, црвено овошје слично на цреша кое содржи 30 пати повеќе витамин Ц од сок од портокал. Последната состојка е арониа. Претходни студии покажале дека состојка на овошјето наречена полифенол го штити срцето и помага во спречувањето на масни наслаги во артериите.
рецептФранцуски научници велат дека овој коктел ја содржи најздравата и највкусната комбинација на овошни сокови. Во лабораториски услови биле анализирани 13 различни мешавини, а нивните ефекти биле тестирани на свински артерии. Но, конечниот рецепт бил избран по тестови извршени со помош на 80 доброволци.

Во тестовите, ѕидовите на срцевите артерии се опуштале кога биле изложени на овој коктел. Истражувачите, од Универзитетот од Стразбург, велат дека кај луѓето ова би го зголемило протокот на крв кон срцето и би било гаранција дека тоа ќе добие здрав баланс на хранливи материи и кислород.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Тимот исто така ја мерел и антиоксидантската способност на различните рецепти да ги неутрализираат штетните молекули во телото кои инаку би можеле да ги оштетат клетките и ДНК-та. Студијата открила дека одредени полифеноли се попотентни од другите и дека способноста за собирање на „слободните радикали“ кои можат да ја оштеатат ДНК-та и клетките била поважна од количината на полефеноли во секое овошје.

Трејси Паркер, од British Heart Foundation, изјавила: „Ова истражување додава уште повеќе докази во корист на фактот дека јадењето овошје и зеленчук е добро за нас во поглед на намалувањето на ризикот од срцеви болести. Но, сè уште не знаеме зошто, или дали одредени овошја и зеленчуци се подобри од другите. Дури и оваа студија потврдува дека научниците сè уште не можат да ја објаснат врската. Она што го знаеме е дека би требало да јадеме разни видови овошје и зеленчук како дел од балансирана исхрана, и овошниот сок е лесен и вкусен начин за остварување на ова.“

- Реклама -