Научниците тврдат дека конечно ја решиле загатката што ги мачеше филозофите и научниците со векови: „што е постаро – кокошката или јајцето.“
Научниците тврдат дека конечно ја решиле загатката што ги мачеше филозофите и научниците со векови: „што е постаро – кокошката или јајцето.“
Кокошката е постара бидејќи, велат научниците, за формирање на лушпата на јајцето неопходен е протеинот кој се наоѓа само во јајниците на кокошката. Имено, јајцето може да настане само ако се наоѓа во организмот на кокошката и затоа тoa настанaлo први.
Протеинот овокледидин-17 (OC-17) го забрзува создавањето на лушпата на јајцето која е неопходна за да се заштити жолчката и пилето кое се развива во него. Научниците од англискиот Универзитет Шефилд и Ворик користеа супер-компјутер за да го следат создавањето на јајцето. Едингбуршкиот компјутер наречен HECToR, покажа дека 0C-17 има клучна улога во кристализацијата – раната фаза на настанок на лушпата.
[They’ve cracked it at last! The chicken DID come before the egg]