Крцкавоста на кокосот во корите е избалансирана со кремасто белиот фил.Состојки:
Кора
5 белки
300 г шеќер
сок од 1 лимон
100 г. брашно
150 г. кокос
1/5 кесички прашок за пециво
шолја топло млеко
Фил
1 л. млеко
5 жолчки
3 лажици шеќер
8 лажици брашно
250 г. изматен путер
100 г. шеќер во прав
Подготовка:
1. Од сите состојки, освен млекото изматете смеса и испечете кора.
2. Уште топла, кората прелекте ја со млекото и пресечете ја на половина.
3. За фил изматете ја жолчката со шеќерот, додадете од брашното и гответе како пудинг во млеко.
4. Кога ќе се олади додадете го путерот изматен со шеќерот во прав.
5. Филувајте ја тортата.