Доколку денешниот ден решивте да го поминете во домашна атмосфера, заедно со вашите најблиски, израдувајте ги со неодоливите кокос-коцки кои не можат а да не им се допаднат. Следете ги инструкциите од рецептот подолу, и не може да погрешите:
Состојки потребни за тестото:
– 4 јајца,
– 12 лажици шеќер,
– 1 дл млеко,
– 1 дл масло,
– 12 лажици брашно
– 1 прашок за пециво,
– 2 лажици какао во прав
Фил:
– 0,5 литри млеко,
– 100 грама кокос,
– 3 лажици брашно
– 10 лажици шеќер
Глазура:
– 100 грама темно чоколадо,
– 2 лажици масло
Начин на подготовка:
1. Жолчките и шеќерот добро измиксајте ги и додадете ги млекото, маслото, брашното и прашокот за пециво. На крајот, во сето ова, додадете го и шлагот кој веќе ќе го имате приготвено од белките.
2. Половина од смесата додадете ја во подмачкан сад, и печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 10 минути.
3. Додека чекате, во втората половина додадете какао и промешајте за смесата да биде потемна.
Направете крема, така што кокосот и врашното ќе ги промешате и разредите во малку млеко.
4. Остатокот од млекото ставете го да зоврие со шеќерот и додадете ги кокосот и брашното. Мешајте додека смесата не се згусне.
5. Топла размачкајте ја низ жолтиот дел, премачкајте го остатокот од кафениот фил и повторно ставете во рерна да се пече.
6. На крајот, додадете ја и глазурата од чоколада.
Ужувајте!