Да се има фигура како на Коко Остин (34) потребно е напорно вежбање, токму онакво какво што таа го демонстрира на фотографиите. Реалити ѕвездата со изразени облини сподели свежи фотографии на нејзиниот блог, каде демонстрира на кој начин успева да го одржи своето тело секогаш во топ-форма. Сопругата на Ice-T, облечена во провокативна црвена спортска облека, како и секогаш изгледа неверојатно секси.