„Кока-кола“ го повлекува новиот сок „Спајсд“

„Кока-кола“ го прекинува производството на својот сок „Спајсд“ (Coca-Cola Spiced), само шест месеци откако новиот вкус првпат се појави на полиците. Ова е, всушност, крајот на разочарувачкиот обид да се привлечат помлади купувачи.

„’Кока-кола’ секогаш гледа што сакаат нашите купувачи и ги прилагодува своите вкусови според нив. Како дел од оваа стратегија, планираме постепено да ја укинеме ‘Кока-кола спајсд’,, за да воведеме нов возбудлив вкус во 2025 година“, изјави гласноговорникот на компанијата.

Новиот сок беше претставен во февруари со раскошна рекламна кампања. Пијалакот го спојуваше традиционалниот „Кока-кола“ вкус со ноти од малина (нема други зачини, како што можеби посочува називот). Целта беше, пред сѐ – генерацијата З, која не се покажа доволно заинтересирана.

Инаку, општ впечаток е дека консументите сѐ почесто ги заменуваат своите зашеќерени газирани напивки со газирани води и пијалаци за хидратација.

- Реклама -